Реал Мадрид можеби не го договори Килијан Мбапе, но летово ќе доведе француски репрезентативец и тоа во името на Орелиан Чуамени од Монако.
Двата клуба наводно веќе се договориле за обештетувањето, а трансферот на Чуамени на „Сантијаго Бернабеу“ ќе чини фантастични 100 милиони евра.
Очигледно е дека „кралевите“ се подготвуваат за нова генерација предводници во средниот ред, бидејќи лани беше доведен Едуардо Камавинга, а сега и Чуамени. Двајцата треба да ги наследат Лука Модриќ и Тони Крос.
Трансферот треба да биде официјализиран во текот на следните неколку денови.