Актуелниот француски првак Лил победи на гостувањето кај Нант со 1-0 за да се врати на победничкиот колосек после еден кикс со реми и да остане во трката за место во Лигата на шампионите во идната сезона.
Белгискиот фудбалер за врска Амаду Онана четири минути пред крајот на првиот дел погоди после еден корнер, гол кој на крај излезе клучен за 12-та сезонска победа на „догите“, по што тие дојдоа до 46 бода на табелата, три помалку од четвртиот Рен, а четири зад вториот Марсеј и третиот Рен.
Нант, пак, го запиша вториот пораз по ред, а вкупно 11-ти сезонава, по што остана на 42 бода на осмото место после 29 рунди во француската Лига 1.