Лидерот Пари Сен Жермен успеа да остане непоразен на гостувањето во Лион играјќи 1-1. Тимот на Маурисио Покетино беше десеткуван, со многу повредени и заразени фудбалери, но, сепак, успеа да извлече реми.
Лукас Пакета во седмата минута го доведе Лион во водство, но израмни Тило Керер со голот во 76.минута од дуелот.
Пари Сен Жермен сега има убедливи 11 бода предност пред Ница на врвот на табелата во францускиот шампионат.