Италијанскиот првак Интер го совлада Лацио на „Џузепе Меаца“ со 2-1 и се врати на врвот на табелата во Серија А. Сега „нероаѕурите“ имаат бод предност во однос на Милан и еден неодигран меч, против Болоња кога домашниот тим не излезе на теренот, а веројатно ќе го добие со службен резултат.
Интер поведе со голот на Алесандро Бастони во 30. минута. Дефанзивецот се реши на удар од 25 метри и погоди во долниот лев агол. Сепак, по грешката на Де Фрај, Чиро Имобиле израмни само пет минути подоцна.
Милан Шкриниар беше стрелец на победничкиот гол за Интер во 67.минута, на асистенција на Бастони.
Верона на домашен терен загуби од Салернитана со 1-2.
Standings provided by SofaScore LiveScore