Фудбалерите на Зеленортските Острови имаа одличен старт на Африканскиот куп на нации, откако во првото коло од групата А ја совладаа Етиопија со 1:0, користејќи го играчот повеќе кој го имаа уште од 12 минути.

Стрелец на победничкиот гол беше искусниот напаѓач Хулио Таварес на асистенција на Гери Родригез во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Етиопија беше ослабена во 12. минута по исклучувањето на стоперот Бајех, со што на ривалот му го олесни освојувањето на трите поени.

Фудбалерите на Зеленортските Острови можеа да слават поубедлива победа доколку Кени Рока Сантос беше попрецизен во финишот од мечот, но еден гол се покажа како доволен за вредна победа и второто место на табелата со исто бодови колку и селекцијата Камерун.

Етиопија од задниот дел на табелата ќе го пречека второто коло и дуелот против Камерун, додека  Зеленортските Острови за четири дена ќе се обидат да ја победат Буркина Фасо.

https://www.youtube.com/watch?v=X3U_bmt6X6Y