Со овој резултат се замина на паузата меѓу двете полувремиња, а тоа беше подобра вест за Интер кој падна по примениот гол и беше блиску да прими и втор.
Тоа сепак не можеше да го избегне по лошата поставеност во одбраната, по која Жиру погоди за 2:1 по додавањето од Леао, кој дефинитивно беше играч на мечот. Сензационалниот крилен фудбалер беше нерешлива енигма за тимот на Инѕаги, па постигна и втор гол за 3:1 во 60-та минута.
Во тие моменти се чинеше дека Милан е многу подобар ривал, по што Инѕаги реагираше со играчи од клупата и направи три промени. Тоа експресно му донесе резултат и Џеко намали на 3:2, а Мењон беше тој кој спречи Интер да израмни на 3:3, бидејќи гостинот на хартија имаше неколку изгледни шанси за реми.
На крајот, конечни 3:2 за Милан и важни три бода за „росонерите“, кои автоматски го преземаа и врвот пред натпреварот кој ќе го одигра Аталанта овој викенд.