Реал Мадрид синоќа потврди дека го ангажирал големиот бразилски талент, Ендрик, прогнозите за него се исклучително светли, одат дотаму што некои велат дека тој ќе биде подобар од Роналдо и Ромарио.

Реал Мадрид за вкупна сума од 72 милиони евра го купи Ендрик од Палмеирас. Тој во кралскиот клуб ќе пристигне во јули 2024 година кога ќе наполни 18 години.
Поранешниот бразилски репрезентативец, Нето го испофали Ендрик до степен дека тој ќе биде подобар од неговите сонародници Роналдо и Ромарио.
„Штета што нема да го гледаме долго Ендрик тука во Бразил. Ова момче ќе лета. Тој ќе биде подобар од Ромарио и Роналдо. Тој е фантастичен талент“, вели Нето.