По долга борба со тешката болест, битката ја загуби Синиша Михајловиќ. Српскиот стручњак и поранешен познат фудбалер, почина на 53-годишна возраст, потврди неговото семејство.
Тажна вест доаѓа од Италија, по малку шокантна иако се знаеше дека се бори со опасна болест и дека таа му се вратила.
Иако имаше само 53 години, Синиша Михајловиќ ја загуби битката и денеска почина, потврди неговото семејство.
Михајловиќ боледуваше од акутна леукемија, во март беше хоспитализиран поради враќањето на болеста, но сезоната ја започна на клупата на Болоња која ја водеше до почетокот на септември.
На почетокот на септември беше прекината соработката, состојбата му се влоши и денеска почина.
Михајловиќ е роден во Вуковар , Хрватска , беше на проба во Динамо, но таму не помина и замина во Војводина, каде започна неговиот професионален пат.
Беше дел од екипата на Црвена звезда која го освои Европското првенство, подоцна настапуваше за Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.
По завршувањето на играчката кариера почна да се занимава со тренерска кариера, кратко време беше селектор на српската репрезентација, а помина низ бројни италијански клубови, предводејќи ги Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино и на крајот повторно Болоња.