Колорадо Бафалос на македонскиот кошаркашки репрезентативец Андреј Јакимовски издвојува драматична победа над Северно Колорадо во НЦЦА лигата.
Се водеше жестока борба, во основниот дел немаше победник, па се играа дополнителни минути, две продолженија по кои Андреј и компанија се изборија за конечен триумф од 90:88 и втора победа во новата сезона.
Нашиот кошаркар доби најголема минутажа во својот тим и за 37 минути на паркетот уфрли 9 поени со 6 скока и 4 украдени топки.Прв стрелец беше Мелоун со 27 поени.