Младиот напаѓач на Баерн Минхен, Матијс Тел, доби шанса од тренерот Нагелсман и го постигна дебитантскиот гол за баварскиот клуб. Со тоа испиша историја и стана најмладиот стрелец во Бундес – лигата. Вториот погодок за Баерн Минхен против Штутгарт беше дело на Џамал Мусијала. Сепак, Баерн не обезбеди триумф, Штутгарт во завршницата „украде“ бод со голот од пенал на Серху Гираси во 93.минута. Претходно погоди и Крис Фухрих.
Лајпциг тргна одлично под водство на новиот тренер Марко Розе. Со 3-0 славеше над Борусија Дортмунд, инаку поранешниот тим на Розе. Орбан, Шобошлаи и Хајдара беа стрелци за домаќинот.
Хофенхафм го совлада Мајнц с0 4-1, а Волфсбург славеше минимално (0-1) над Ајнтрахт Франкфурт.