Френки Де Јонг, во летниот преоден рок би можел да ја напушти Барселона. Според каталонските медиуми, Холанѓанецот нема место во формацијата која ќе ја форсира Чави, плус од неговиот трансфер во клупската каса ќе се слее сериозна сума на пари.

Де Јонг, минатата сезона, беше еден од тројцата недопирливи во Барселона, покрај Лионел Меси и голманот Марк-Андре тер Штеген. Меси повеќе не е во Барселона, а следен кој ќе го напушти клубот е Де Јонг.

„Спорт“, тврди дека за Де Јонг нема месо во 4-3-3 формацијата на Чави. Тројцата во редот за врска ќе бидат Бускетс, Педи и Гави.

„Од првиот ден, сите во Барселона се воодушевени од неговиот професионализам. Тој детално се подготвува за секој натпревар, потоа прави детални анализи за да научи од своите грешки. Меѓутоа тој може да биде фудбалерот од чии трансфер Барселона може да заработи милиони. Поради финансиската криза, Барселона ова лето мораше да се раздели со неколку фудбалери. Истото клубот ќе мора да го направи наредното лето“, пишува „Спорт“.

Барселона за Де Јонг, во 2019 година, издвои речиси 80 милиони евра, тој има договор до јуни 2026 година.

„Подтојат клубови кои можат да издвојат големи пари за Де Јонг. И тој го знае тоа, тоа г знаат и челниците на Барселона. Конкретно постојат два клуба чии интерес за Де Јонг е сериозен“.

Челниците на Барселона веруваат дека за Де Јонг можат да добијат 100 милиони евра.