Рајо Валјекано на Столе Димитриевски загуби со 0-4 на гостувањето кај Атлетик Билбао во 15. коло од шпанската Ла Лига.

Гурузета ја затресе мрежата на Димитриевски во 23. минута од натпреварот, а вториот гол се чекаше до 47. минута кога Еспино постигна автогол.

Атлетик Билбао постигна уште два гола, и тоа во 64. и 68. минута од натпреварот за триумф од 4-0 против Рајо. Ињаки Вилијамс зголеми на 3-0, а неговиот брат Нико на 4-0. Атлетико има 28 бодови на петтата позиција во Ла Лига, додкеа Рајо остана на 11. место со 19 бода.