Наполи постигна убедлив триумф против Фиорентина (3-0) на гостински терен во Фиренца, во дербито од 19. коло во италијанската Серија А.
Избраниците на Антонио Конте им одржаа фудбалска лекција на „виолетовите“ од Фиренца. Резултатот го отвори Нерес во 29 минута со една мајсторија на Бразилецот.
На домаќините им беше поништен гол поради игра со рака на Кеан а во второто полувреме со головите на Лукаку и Мектоминеј беа потврда за трите бода за наполитанците. (ТУКА можете да ги видите головите)
Со оваа победа што ја донесоа летните засилувања, поранешниот тим на Елмас и Пандев дојде на лидерската позиција во Калчото со 44 бода, три повеќе од Аталанта.