Регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор за Барселона за втората половина од сезоната ќе заврши до крајот на денот. Каталонците до крајот на денешниот ден треба да ги регистрираат двајцата играчи до летото. Нивната жалба за регистрацијата на играчите вчера беше одбиена, а сега сè е во рацете на Ла Лига, пишува „Мундо Депортиво“.
Клубот ги испратил сите документи за продажбата на ВИП местата на „Камп Ноу“ и сега чекаат одговор. Ла Лига сака да се увери дека договорот е загарантиран пред регистрацијата на двајцата фудбалери.
Од Ла Лига бараат авансно плаќање, и доколку ги прифати документите на Барселона, тоа ќе овозможи каталонците да ги регистрираат Олмо и Виктор.
„Мундо Депортиво“ дополнува дека бордот на директори на Барселона досега не размислувал за вложување на сопствени средства за да ја гарантира регистрацијата на двајцата играчи, но ако е потребно, во последен момент се подготвени и за таа варијанта.