Манчестер Сити извојува победа на гости кај Лестер Сити (0-2). Натпреварот помина во знакот на бразилскиот напаѓач Савињо, кој на „Кинг Пауер“ постигна гол и асистенција.
Лестер започна агресивно на средниот ред на „граѓаните“. Халанд ги имаше првите закани по голот на Столарчик, но и „лисиците“ на Ван Нистелрој имаа одлична шанса во почетокот од натпреварот. Јошко Гвардиол грубо погреши, Варди излезе сам пред Ортега, но голманот со пантерски скок ја исфрли топката во корнер.
Сити сепак беше поофанзивен и во 21. минута постигна гол. Бернардо Силва шутираше од голема далечина Столарчик ја одби, а на топката натрча Савињо и го постигна првиот гол. Следеа две закани на Халанд, но и удар во пречката на домаќините по една гужва пред Ортега.
На почетокот од вториот дел доминираше тимот на Лестер Сити. Варди имаше две шанси, а одлична шанса не успеа во гол да ја претвори Мавидиди. Казната стигна во 74. минута, кога по една акција на МекАти, Савињо центрира од левата страна, а Ерлинг Халанд со глава ја погоди мрежата на Лестер Сити (0-2).
Ова е втора победа на последните дванаесет натпревари за актуелниот првак но голем чекор кон водечката четворка.
Видеото погледнете го ТУКА