Крајот на 2024 година носи и освежување на пазарната вредност на најдобрите фудбалери на популарниот спортски портал „Трансфермаркт“. На него има промени кои го носат суперталентот на Барса, Ламин Јамал на веројатно заслужена втора позиција.
Јамал кој има само 17-години оваа сезона забележа одличен учинок од седум постигнати гола и единаесет асистенции во сите конуренции.
Јамал ја премина пазарната вредност на францускиот ас Килијан Мбапе (166,4 милиони долари) и сега е проценет на 187,2 милиони долари, со што ја дели втората позиција во Ла Лига со англичанецот Џуд Белингам.
Единствено, бразилскиот суперстар Винисиус Жуниор има поголема потенцијална вредност и е на првото место со сума од 208 милиони долари.
Голем напредок во однос на потенцијалната трансфер вредност во редовите на Барселона забележиле и Рафиња, и младите надежи Педри, Касадо и Кубарси, додека најголеми „губитници“ во изминатата година се Де Јонг, Араухо и Гави но треба да се знае дека истите долго отсуствуваа поради потешки повреди од фудбалските терени.