Селекторот на Македонската репрезентација до 21 година Драган Канатларовски го објави списокот за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2023 година , на 7 октомври против Фарски Острови во Клаксвик и на 12 октомври против Ерменија во Ереван . Поради проблемите со карантинот во Австралија, на располагање ќе ги нема ,, Австралијанците ” Стефан Чолаковски од Мелбурн Сити и Метју Божиновски од Мелбурн Виктори но позитивна вест е враќањето на Давид Тошевски од Горњик Забже кој игра во добра форма во Полската лига
Селекторот на младата репрезентација за двете гостински пресметки ќе смета на следните фудбалери:
Голмани:
Давид Денковски(Брегалница ), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимив (Кадино)
Одбрана:
Филип Антовски (Австрија Виена), Блертон Шеји (Шкупи), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Александар Ѓурковски (Тиквеш), Адриан Хајдари (Рапид Виена), Ѓорѓе Јанкулов (Борец), Јован Манев (Брегалница)
Среден ред:
Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Жилина), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дугопоље), Амел Рустемоски (Вил), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Методи Максимов (Работнички), Лука Трајковски (Борец)
Напад:
Давид Тошевски (Горњик Забже) Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија)