Кризата во тимот на Валенсија продолжува, загуби на гостувањето кај Атлетико Мадрид (0-3).
За „лилјаците“ ова беше четврти пораз во петтиот натпревар од новата сезона по што остануваат на дното од табелата во Ла Лига со само еден освоен бод. Шанса да застане на голот повторно доби Грузиецот Гиорги Мамадардашвили, кој прими три гола на „Ванда Метрополитано“. Галахер во 39. минута го отвори резултатот, предноста на домаќинот ја удвои Гризман во 54. минута, додека Хулиан Алварез во судиското надополнување на крајот го постави конечниот резултат.
За Атлетико ова е трета победа заедно со двете нерешени средби и сега со 11 бодови е на делба на втората позиција со Реал Мадрид и Виљареал, веднаш зад досега неприкосновената Барселона која има 15 бодови.