Динамо Загреб води со 2-1 при крајот од натпреварот со Бодо/Глимт, што значи дека ако остане вака ќе има продолженија со оглед на резултатот од првиот меч. Вториот гол на Динамо беше вистинска уметност на Бруно Петковиќ, но со асистенција од македонскиот капитен Стефан Ристовски.

Во 35. минуа, Ристовски упати остар центаршут во шеснаесетникот, а Петковиќ прво мајсторски ја прими топката, си ја намести на ножички и спектакуларно го совлада противничкиот голман.

https://twitter.com/goncalo_diass17/status/1562524394752442369?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1562524394752442369%7Ctwgr%5Edeb63e08cade783b114b80feb08e8b58608882e4%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fuefa%2Fdinamo-vo-zanes-asistencija-na-ristovski-i-fantastichni-nozhichki-na-petkovikj-video