Пакистански фудбалски аналитичар на оригинален начин и со несоборливи факти објасни зошто речиси никој надвор од Германија не ги жали Германците по нивната елиминација уште во првата фаза на Мундијалот во Катар.
„Јас ги нарекувам Ангелите на смртта бидејќи расплакаа многу силни, дури и легендарни генерации и репрезентации во минатото.
Да почнам од 1954 година, кога го уништија сонот на тогаш најсилната селекција на светот, Унгарците предводени од Ференц Пушкаш. Од кого загубија во финалето? Од Германија.
Во 1974 година, во ерата на тоталниот фудбал што го измислија и најдобро го играа Холанѓаните, повторно Германците беа уништувачи на сонот на Јохан Кројф и соиграчите со победа во финалето.
Во 1982 година Шумахер го “уби“ Батистон, а Германија го уништи сонот на Платини,Тигана, Жирес… со победа во полуфиналето. На истиот шампионат го наместија мечот со Австрија на штета на Алжир, кој испадна.
Во 1990 година Марадона се врати во Италија и очекуваше светска круна. Кој ја исфрли Аргентина? Западна Германија.
Во 2002 ја исфрлија Јужна Кореја како домаќин и селекција од Азија со најдобар пласман. Во полуфиналето загубија од Германија.
Во 2010 година уништија двоен сон, на Аргентина со Марадона како селектор и Меси како играч и на златната генерација на Англичаните.
Во 2014 година го демолираа Бразил на нивен терен со 7:1 и потоа пак го спречија Меси во финалето да ја освои првата светска круна.
Затоа, ве молам, кој има симпатии за Ангелите на смртта? Доста им е“, образложи Пакистанецот.