Ниту една земја нема толку порази на пенали како Шпанците, како потврда дека психолошки не се стабилни кога ќе дојдат во ваков рулет, а Мароко предводен од Јасин Боно знаеше тоа денеска да го искористи. Ова е четврти пораз во пенал-рулет на Шпанците во пет вкупно на Мундијалите и никој досега не успеал толку пати да загуби.

Шпанците патем станаа и први, после Швајцарија во 2006 година против Украина, кои не успеале да дадат гол од пенал во рулетот од белата точка.