Јувентус би можел да остане без капитенот Џорџо Киелини (37) на крајот од сезоната. Договорот на легендарниот италијански стопер истекува, а засега нема индиции дека би можело да дојде до продолжување. Фабрицио Романо пишува дека Киелини на крајот од кариерата би сакал да се испроба во МЛС лигата и дека сериозно ќе размисли за понудите кои ги добива од Северна Америка.
Киелини е играч на Јувентус од 2004 година, а со клубот отиде од Серија Б до освојување на девет последователни титули во италијанската лига. Тој е еден од најдобрите италијански стопери на сите времиња, а за италијанската репрезентација одигра 116 натпревари и постигна осум гола. Со Италија го освои Европското првенство во 2021 година со фантастични дефанзивни игри.