Парижаните од Меси очекуваа најмалку 20-на голови во Лига 1, ама од Меси сезонава добија едвај три, па „Л’Екип“ му пресмета дека „светците“ за секој гол на аргентинската суперѕвезда всушност им излезе да плаќаат по 10 милиони евра.
Најугледниот спортски весник неодамна ги објави платите на фудбалерите, а Меси заработува над 30 милиони евра и во втората сезона ќе добие уште поголема плата од 40 милиони евра. Но, ефектот на теренот е под сите очекувања, па ПСЖ всушност цело богатство го чини секој гол на седумкратниот освојувач на „златната топка“.
Меси сезонава има три гола и 13 асистенции во Лига 1, а нешто поефикасен е во ЛШ со пет гола, но џабе тие голови, кога парижаните испаднаа уште во првата елиминациска фаза од Реал Мадрид, неуспех кој сѐ уште ги пече, а го навлече бесот на навивачите кои дури и го свиркаа Меси на првиот меч после елиминацијата на „Сантјаго Бернабеу“.
Меси останува во Париз и за следната сезона, не се откажува од целта да ја освои ЛШ со овој клуб, иако се најавуваше негово заминување после една година во француската престолнина.