Хесус Корона беше творецот на триумфот на тимот од Андалузија со двата гола постигнати уште во 14. и во 27. минута, со напомена дека помеѓу нив Моралес во 22. минута од пенал на краток период го изедначи резултатот. Точка на средбата стави Кунде во 81. минута, откако претходно Моралес промаши пенал за вторпат да донесе нерешено за домашната екипа, додека пред крајот Солдадо само го намали резултат.
Нашиот Енис Барди не ја почна средбата од почетокот, туку влезе во игра во 66. минута, но не успеа да стори ништо позначајно за својата екипа. Севилја сега има 63. бодови, два повеќе од „јорганџиите“, а дури 15 помалку од „кралевите“. Леванте, пак, останува на претпоследното место со 25 бодови, дури шест помалку во однос на Кадиз кој е прв над линијата за испаѓање од шпанската елита.
За разлика од репрезентативниот колега, одлична вечер имаше голманот Столе Димитриевски, кој ја сочува мрежата и беше еден од најзаслужните за минималната, но драгоцена победа на Рајо Валјекано на гостувањето кај Еспањол. Гвардиола во 42. минута беше стрелец на победничкиот погодок за гостите, додека македонскиот голман беше сигурен во сите 90 минути, а феноменален во 32. минута кога спаси сигурен гол.
За Рајо оваа победа најверојатно значи и сигурен опстанок во Ла Лига, со оглед што сега има 37 бодови, дури седум повеќе од Гранада, која е прва под линијата за опстанок.