Италијанскиот гигант Интер победи во дербито против Наполи со 1-0 во финалето на Суперкупот, кој се одигра во Ријад -Саудиска Арабија.
„Нераѕурите“ од Милано доминираа во текот на целиот натпревар, додека актуелниот италијански првак успешно се бранеше од нападите на противникот сè до 91. минута кога Лаутаро Мартинез го постигна единствениот гол на натпреварот.
https://twitter.com/i/status/1749535556562731443Веројатно клучен момент кој го реши натпреварот беше исклучувањето на Џовани Симеоне.
По голот на Мартинез, Наполи се обиде да стигне до израмнување, но немаше доволно време за да постигне гол и титулата му припадна на Интер.