Фулам во лондонскиот дуел го совлада Челси со 2-1 и стигна до шестата позиција па може да размислува и за европска сезона.  Челси  и покрај тешките милиони што ги вложува тоне сѐ подлабоко, што може да доведе до отказ за менаџерот Грем Потер.

Вилијан постигна гол за Фулам во 25.мин.

Калиду Кулибали израмни на 1-1 во 47.минута, но засилувањето Жоао Феликс имаше лошо деби и заработи црвен картон во 58.минута.

Фулам со играч повеќе доби шанса за триумф што ја искористи Карлос Винисиус во 73.мин. со победничкиот гол за голема радост за домашниот тим.