Холандија уште синоќа имаше шанса да го завери првото место во групата и да oбезбеди директен пласман на СП во Катар.

Играше сигурно и имаше комотно водство со головите на Депај од 0:2.

Но Црногорците со два гола во последните 10 минути од натпреварот успеаја да им откинат два бода на фаворизираните Холанѓани.

Сега Холандија мора во директен дуел со Норвешка во последното коло да решава за својата судбина.

Standings provided by SofaScore LiveScore