Денес од 18 часот на арената Тодор Проески во Скопје , фудбалската репрезентација на Македонија го игра историскиот натпревар со Исланд во квалификациите за Мундијалот во Катар , каде со победа за првпат ќе се најдеме во бараж натпревар за пласман на СП .
Селекторот Благоја Милевски без големи промени во составот ќе го нападне Исланд , а се очекува само една измена во стартнит тим , каде на десната бековска позиција се враќа капитенот Стефан Ристовски кој ќе стартува на местото на Стефан Ашковски кој одлично го замени во Ереван и беше еден од најзаслужните за убедливиот триумф .