Нант постигна гол во третата минута од судиското надополнување на првото полувреме, меѓутоа ВАР-технологијата го поништи поради офсајд.
Килијан Мбапе најави дека ќе си оди од ПСЖ на крајот од сезоната и можеби затоа Луис Енрике го седна на клупата на стартот од мечот против Нант. Сепак, француската ѕвезда доби шанса во вториот дел реализира пенал во 78.минута за потврда на триумфот од 0-2.
Лукас Хернандез во 60.минута донесе почетна предност за „светците“ на овој натпревар.
ПСЖ сега има 14 бода позитива на врвот на табелата во Франција пред второпласираната Ница.