Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, се наоѓа во критична здравствена состојба во клиника во Андалузија откако имаше несреќа при јавање. Тој има скршени пршлени на вратот и доживеал мозочен удар, па сѐ уште се бори за живот. Според информациите, следните 48 часа ќе бидат клучни за проценка на неговата состојба.
„Тој е во тешка состојба“, изјави портпаролот на ПСЖ без да соопшти повеќе детали.
Шпанските медиуми откриваат дека Серхио Рико паднал од коњот, а потоа коњот со копито го удрил во главата при падот. Веднаш, со хеликоптер е пренесен во клиника во Севилја и ставен е во индуцирана кома.