Фаворитите без проблеми во Бундес-лигата. Борусија Дортмунд го декласира Штутгарт со 5-0. Џад Белингем беше двоен стрелец, а погодија и Никлас Суле, Џовани Реина и Јусуфа Мукоко.

Баерн Минхен го совлада Хофенхајм на гости со 0-2 и се доближи на еден бод негатива, а головите за трумфот ги постигнаа Мусијала и Чупо-Мотинг.

Фрајбург го победи Вердер со 2-0, со головите на Кублер и на Грифо од пенал.

Лајпциг во последните мигови избегна пораз играјќи 3-3 на гости против Аугсбург, додека Баер Леверкузен и Волфсбург ремизираа 2-2.