Каталонскиот гигант Барселона го објави и Андреас Кристенсен како ново засилување. По Франк Кеси, на „Камп Ноу“ пристигна и стоперот на Челси кој доаѓа како слободен агент.
Тој потпиша четиригодишен договор со Барселона, а ќе има откупна клаузула од 500 милиони евра.
Данскиот интернационалец официјално ќе биде промовиран на 7 јули.