Поранешниот европски и светски кошаркарски првак Србија доживеа шокантен пораз од Белгија во Ниш со 73-74 во последното коло од втората квалификациска рунда за пласман на Светското првенство, по што скоро невозможен е пласманот на северните соседи.
Србија прокоцка плус 13 против Белгијците во пресметката која почна вчера, но се прекина зашто немаше струја во салата „Чаир“, па вечерва по 24 часа се доигруваше и на стартот на четвртиот период Србите стигнаа до убедлива двоцифрена предност, ама… Неколку избрзани шутеви и серијата на Белгија од 11-0 го врати мечот во голема неизвесност, а потоа и поведе со 72-71.
Јарамаз погоди за последно водство на Србија, Белгија возврати на самиот крај за повторно да поведе, по што домаќините не го реализираа последниот шут и како трети во групата со Летонија завршија, па во следната рунда пренесуваат само една победа и со тоа скоро недостижно им е СП, зашто вкрстуваат со Грција, Турција и Велика Британија.