Mакедонската сениорска репрезентација во моментов го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година.

Во Киев, салата „Палатата на спортовите“ нашите кошаркари играат фантастично и водат на полувреме со 4 разлика со резултат 30:34.

Најефикасен е Адем Мекиќ со 8 поени, а го следат, Вајли, Робев и Маслинко кои има и 4 скока.

Очекуваме и во второто полувреме да продолжат со одличната игра и да не израдуваат по прв пат во овој квалификациски циклус.