Откако повторно ја освои двојната круна со Црвена звезда, Дејан Радоњиќ замина во Грција каде го презема Панатинаикос во својата втора странска авантура .

Продолжува да се распаѓа составот на шампионскиот тим на Црвена звезда, кој сезонава ја освои титулата во АБА и српската лига. По Дејан Давидовац кој замина во ЦСКА и Никола Калиниќ во Барселона, си замина и тренерот.

Дејан Радоњиќ веќе неколку дена од крајот на сезоната е предмет на шпекулации и дискусии дека е на излезната врата на клубот, а тоа го потврди и неговиот агент Мишко Ражнатовиќ. Радоњиќ оди во грчкиот гигант Панатинаикос.

Таму ќе го води тимот од Евролигата, а ова му е второ заминување во странство откако го водеше Баерн од 2018 до 2020 година. Тој беше во Звезда од 2013 до 2017 година и од 2020 година до денес.

Пред тоа осум години го водеше Будуќност, а во своите витрини има пет титули во АБА, седум црногорски лиги и шест купови, пет лиги и купови на Србија и две германски лиги.

https://twitter.com/MiskoRaznatovic/status/1542422330345156608?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1542422330345156608%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportnet.hr%2Fvijesti%2F564892%2Fkosarka-euroliga%2Fdosadasnji-trener-zvezde-preuzeo-klupu-grckog-velikana%2F