Никола Јокиќ традиционално беше најдобар кај составот од Колорадо, завршувајќи го натпреварот со 19 поени, 10 скока и седум асистенции, но проблемот беше што немаше никаква помош од соиграчите. Кај „громовите“ блескаше Шеј Гилџес-Александер со 40 поени, а одличен беше и дебитантот Чет Холмгрен, кој во директен дуел со Јокиќ постигна 24 поени.
Милвоки бакс предводен од тандемот Јанис Адетокумбо – Дамиjан Лилард го совлада Кливленд кавалирс (119-111). Адетокумбо даде 34, а Лилард 31, додека кај Кливленд се истакнаа Донован Мичел со 34 и Џарет Ален со 30 поени.