Српскиот тенисер Филип Крајиновиќ го заврши учеството на Вимблдон, со пораз од Ник Киргиос по три сета.
Резултатот во сетови беше 6: 2, 6: 3, 6: 1 за австралискиот тенисер.
Киргиос со доминантната игра дојде до убедлива победа и се пласира во третото коло на Вимблдон.
Од почетокот до крајот на овој меч, тенисерот од Австралија доминираше на теренот.
Во текот на мечот му служеше одличен сервис, што резултираше со доминантно добиени сервис гемови. Од друга страна, Филип Крајиновиќ многу се мачеше на свој сервис.
Во првиот сет Киргиос набрзина направи брејк и на тој начин направи предност која не ја испушти, туку само ја зголемуваше. Сетот заврши со брејк.
Вториот сет помина слично како и првиот – одлична игра на Киргиос и Крајиновиќ кој се мачеше. Вториот сет заврши со резултат 6:3 за Австралиецот.
Третиот сет беше уште поубедлив.
Крајиновиќ како да се предаде. Тој делуваше безидејно и уморно на теренот, што Киргиос го искористи за да го добие овој сет со резултат 6:1 и со тоа да оствари победа во второто коло на Вимблдон.
Во третото коло ќе игра против победникот од мечот Циципас – Томпсон.