Одлична атмосфера владее во Дејвис куп репрезентацијата на Србија. Нашиот северен сосед синоќа загуби од Германија но има големи шанси како најдобра второпласирана репрезентација да продолжи во четвртфиналето.
Пред натпреварите организаторите на натпреварувањето се обидоа да смислат интересна игра. Сите играчи на српскиот тим добија табла со која потврдува на прашањата дали нешто направиле или не.
Имаше различни пикантни прашања на кои играчите ги даваа своите одговори, а една особено тоа дали биле некогаш на нудистичка плажа:
– Никогаш не сум бил на нудистичка плажа.
Сите брзо ги кренаа палките со “НЕ”, а Ноле, по кратко размислување, ја крена потврдно:
– Да, за да се поврзам со природата. Природно е. – дополни Новак низ смеа.