Веќе нема дилеми дека искусниот фудбалски работник,Ралф Рагник до крајот на сезоната ќе биде привремен тренер на Манчестер Јунајтед откако двете страни договориле соработка пред неколку дена.
Од таборот на „ѓаволите“ се надеваат дека освен на резултатски план, Рагник ќе им донесе помош и на трансфер пазарот на кој ќе помогне да се ангажираат неколку фудбалери со цел да се зголеми квалитетот на тимот.
Еден од нив е Ерлинг Халанд, фудбалер кој во минатото соработуваше со Рагник додека двајцата беа дел од Ред Бул Салцбург.
Токму Рагник бил тој кој го открил Халанд и кој притискал за негов ангажман во Салцбург, па јасно е дека релациите меѓу Германецот и претставниците на играчот се на високо ниво, нешто што од Јунајтед планираат да го искористат за следниот летен преоден рок.