Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија.
Италија, Англија, Украина, Малта се противниците на македонската репрезентација во групата Ц во претстојните квалификации за Европското првенство.
Денешниот ждреб во Франкфурт беше неповолен за „црвено-жолтите“ со оглед на квалитетот на ривалите, но секако доби многу атрактивни противници. Поранешните светски и европски шампиони Италија и Англија повторно ќе бидат ривали на Македонија. Тие воедно се и финалисти од последното ЕВРО 2020 на кое учествуваше и Македонија.
Интересна е и групата „Б“ во која заедно се Холандија и светскиот првак Франција, и селекциите на Република Ирска, Грција и Гибралтар.
Квалификациите ќе се играат од март до ноември следната година.
Домаќинот Германија и 23 репрезентации кои ќе ги минат квалификациите ќе играат на Европското првенство во Германија кое ќе се одржи во 10 града.