Дербито меѓу Лион и Ница заврши без победник (1-1), откако двата гола на натпреварот беа постигнати од пенали во 15. коло од француската Лига 1.
Интересно е тоа што погодоците ги постигнаа двајца поранешни фудбалери на Арсенал. Николас Пепе прво од белата точка ја израдува гостинската екипа во 38. минута, а Александре Лаказет од пенал му обезбеди бод на Лион во 89. минута.
Лион со 21 бод се наоѓа на осмата позиција во Лига 1, додека Ница има еден бод помалку.