Познато е дека ФИФА ќе им плаќа на клубовите пари за тоа што нивните играчи ќе играат на Мундијалот, поточно ќе се плаќа отсуството.

Најмногу играчи кои се на списоците на своите репрезентации има од Манчестер Сити, и тоа 16. Веројатно “граѓаните“ се рекордери.

Тоа значи дека Сити ќе заработи и пристојна сума на пари, најмалку 3 милиони фунти ќе мора ФИФА да му плати на овој клуб, или некаде по 140.000 фунти на ден.

Инаку ова се играчите на Сити кои ќе патуваат на Мундијалот:

Стоунс, Вокер, Филипс, Фоден, Грилиш (Англија), Диас, Силва, Кансело (Португалија), Родри, Лапорт (Шпанија), Едерсон (Бразил), Аканџи (Швајцарија), Аке (Холандија), Де Брујне (Белгија), Алварез (Аргентина), Гундоган (Германија).