Денвер и Минесота синоќа ја почнаа втората рунда од плејофот во НБА, а Кливленд и Орландо дури вчера ја завршија првата бидејќи мораа да играат „мајсторка“.
Во серијата во која немаше ниеден брејк, триумфираше Кливленд со 4-3 откако во одлучувачкиот меч триумфираше со 106-94. Со тоа се избори за пресметка со Бостон во втората рунда од плејофот во кој предноста на домашен терен ќе ја има противникот.
Вечерва Орландо одигра добро прво полувреме во кое имаше и предност од десет разлика, но не издржа во продолжение. Се разиграа Донован Мичел, Марк Струс и Карис Леверт, Банкеро беше затворен, па Кливленд ја доби третата четвртина со 33-15 и го свртеа натпреварот во своја корист. Орландо во еден период се обиде да се врати, но домашниот тим го одби тој удар.
Мичел е нејзаслужен за големата победа, постигна 39 поени, 9 скока и 5 асистенции, Леверт додаде 15 поени, а Мобли уште 11 поени и 15 скока. Кај Орландо, Банкеро оствари дабл дабл со 38 поени и 16 скока, недоволно за прва победа во плејоф серија по пауза од 14 години.