Милан во текот на викендот ќе добие нови сопственици од Бахреин. Компанијата „Инвесткорп“ од Бахреин треба да потпише купопродажен договор со сегашните сопственици, „Елиот Фонд“, но тоа официјално ќе биде потврдено по завршувањето на сезоната во Серија А, откриваат италијанските медиуми.
Американскиот конзорциум ќе заработи околу 1,1 милијарда евра од продажбата на Милан и ќе оствари голема добива со оглед дека го купи клубот од „Сан Сиро“ за околу 750 милиони евра.
Газдите од Бахреин за следната сезона имаат планирано околу 300 милиони евра за нови засилувања на тимот.
Новите сопственици нема да прават големи промени, сакаат да го задржат раководниот тим кој функционира одлично, претседателот Паоло Скарони, финансискиот директор Иван Газидис и директорите одговорни за фудбалски операции, Паоло Малдини и Рики Масара.