Фудбалерите на ПСЖ вчера на домашен терен го совладаа Брест со 1-0 во рамките на 7. коло во Лига 1. Многумина очекуваа актуелниот француски првак да дојде до убедлива победа, но на „Паркот на принцовите“ беше виден само еден погодок. Истиот беше дело на Нејмар во 30. минута, а на асистенција на Лионел Меси.
Аргентинецот можеше да се запише во листата на стрелци, но го спречи Килијан Мбапе. Французинот оваа сезона се наоѓа на „мета“ на јавноста. Иако неговиот потег не беше со намера, сепак дел од навивачите немаат трпение.
Меси се најде пред голот на противникот, одлично ја прими топката, веќе сите го гледаа неговиот погодок, но наместо во мрежата топката отиде во аут, бидејќи Мбапе се најде на лошо место. Францускиот фубалер ги спаси гостите.