Арсенал игра одлично сезонава, но менаџерот Микел Артета и натаму сака засилувања во јануарскиот преоден рок за да може да ја нападне титулата во Премиерлигата.

„Калчомеркато“ објавува дека „топчиите“ зимава ќе испратат понуда до Јувентус за Мануел Локатели. Фудбалерот од средниот ред не се снајде најдобро во дресот на „старата дама“ по трансферот од Сасуоло во летото 2021 година.

Италијанскиот репрезентативец би можел да го напушти Торино ако понудата на Арсенал биде доволно добра.