Осимен најверојатно си заминува од Наполи ова лето, а ќе избира меѓу два европски гиганти. Италијанските медиуми очекуваат Виктор Осимен во летниот преоден рок да го напушти Наполи за сума поголема од 100 милиони евра.
Напаѓачот има беспрекорна и фантастична сезона во дресот на Наполи и е еден од најзаслужните за освојување на Скудетото кое треба да биде заверено во наредните денови.
Нигерискиот 24-годишен напаѓач го привлече вниманието на себе, интересот за неговите услуги драстично се зголеми, па се верува дека гигантите нема да штедат за да го донесат во своите редови.
Според „Калчомеркато“, ПСЖ и Баерн Минхен се најзагреани за Осимен, тој ќе одбира меѓу овие два клуба.
ПСЖ ќе прави голем ремонт на тимот, Меси веројатно си заминува, а не се исклучува можноста и Нејмар да го напушти тимот, па во Осимен се гледа како нов напаѓач.
Но, конкуренција ќе им биде Баерн Минхен кој по заминувањето на Левандовски немаат класичен шпиц. Сезоната за Баварците не е добра, поради што имаат притисок од навивачите. Оливер Кан ќе се обиде со мега засилување да ги смири, а изборот паднал на Осимен.