Манчестер Сити не одигра брилијантно како и обично на гости на „Кревин Котиџ“ кај Фулам, но сепак успеа да ја оствари целта и се врати дома со освоени три бода.

„Граѓаните“ го добија овој дуел без Кевин Де Брујне кој остана во Манчестер поради повреда, но на негово место, во стартниот тим се истакна аргентинецот Хулијан Алварез.
Аргентинецот најпрво се избори за пенал кој го реализира Ерлинг Халанд, но потоа постигна фантастичен гол за 1:2, поради што доби за задача сам да даде коментар за истиот по крајот на натпреварот.

Манчестер Сити преку социјалните мрежи ја покажа реакцијата на самиот Алварез за неговата мајсторија, при што скромниот Аргентинец не криеше дека и самиот е изненанден од неговата реализација.

https://twitter.com/ManCity/status/1652709440242499584?s=20

– Имав малку среќа, топката остана кај мене…. Уффф, фантастичен гол, дури и јас не можам да поверувам. Навистина убав гол и исто така многу важен за тимот, – порача Алварез.