Партизан имаше ужасен почеток на мечот и прими гол од ТСЦ по само три минути, кога Цирковиќ го матираше голманот на „црно-белите“.
Наместо да се врати во игра, Партизан прими уште два голови до крајот на првото полувреме, стрелци беа Стојиќ и Радин.
ТСЦ на почетокот на вториот дел го постигна и четвртиот гол преку Миловановиќ, а до крајот стрелаше уште еднаш преку Пантовиќ, но погодокот беше поништен од ВАР-системот.
Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски не доби шанса, односно остана на клупата за резервни играчи.
Партизан останува прв на табелата со 40 бодови, односно три повеќе од Црвена Звезда и 11 повеќе од ТСЦ Бачка Топола.
Се играше 3. минута од дуелот, кога Ќирковиќ успеа да ја стресе мрежата на црно-белите директно од корнер. Нафрли, топката се удри од стативата и влезе во голот, погодок налик на оној од Артим Шаќири против Англија, кога го прати Симан во пензија.
Мартин Мирчевски не беше во стартниот тим на српскиот суперлигаш на овој дуел.