Аргентина ја победи Венецуела со 3-0 во последното коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство. Но, аргентинската јавност ја потресе друг момент, изјавата на Лионел Меси дека можеби и ќе се збогува од националниот дрес по мундијалот во Катар.

„Не знам. Размислувам кој е нашиот прв следен противник. Значи, прво размислувам за Еквадор. Потоа за прелиминарните натпревари во септември и октомври, а потоа одам на Светското првенство. Ќе видиме што ќе се случува потоа“, изјави Меси.

Ова во Аргентина е протолкувано како најава за негово збогување од националниот тим.
Меси игра за Аргентина од 2005 година и со неа беше дел од четири светски првенства. За „гаучосите“ постигна 80 гола на 158 натпревари.